Ве известуваме дека, доколку сметате дека во Вашиот случај АЛТА банка АД Битола не ги почитува одредбите од важечките закони, имате право да поднесете поплака до Банката со која изразувате незадоволство од постапувањето на Банката и укажувате на пропустите, односно на повреда на Вашите права и правни интереси.
Известување за начин на поднесување поплаки
WEB поплака
Формулар за поднесување поплака
Поплака може да поднесете со пополнување на формуларот за поплака, којшто е истакнат во сите простории во кои се нудат услугите на потрошувачите, како и на интернет (web) страницата на банката и треба да ги содржи најмалку податоците наведени во него.
Банката обезбедува можност за поднесување поплака преку повеќе комуникациски канали:
∙ Лично во Експозитура
Со пополнување на Формулар за поплаки кој е достапен во Експозитурите на Банката.
∙ Онлајн формулар
Достапен на веб-страницата на Банката. Пополнете го и испратете го електронски.
∙ По е-пошта
Испратете ја поплаката на: 📧poplaki@altabanka.com.mk, со наведување на податоци (како податоци за идентификација, детален опис на проблемот) согласно Онлајн формулар.
∙ Телефонски
Контактирајте не на: 📞 02 3087-007
∙ Писмено, по пошта
На следната адреса:
АЛТА банка АД Битола
Дирекција за канали на продажба и грижа за клиенти
ул. Добривоје Радосављевиќ бр. 21, 7000 Битола
Република Северна Македонија